Application of advanced quantitative methods in studies of schizophrenia in Macedonia (Примена на напредни квантитативни методи во истражувањата на шизофренија во Македонија), 2021-2023, National Institute of Mental Health, USA, R01-MH125030, (раководители: проф. Е. Дворк, Универзитет Колумбија, Њујорк и акад. Љ. Коцарев, учесници: П. Јањиќ, Д. Солев, М. Чавдар). Специфична цел 1: Мерно-ориентирана структурна анализа на миелинот во префронталната бела маса со длабоко учење – Главнината на ангажманот на тимот од Центарот во 2-рата проектна година беше во рамки на оваа специфична цел. По промените во протоколите на фиксирање на примероците ткиво на белата маса во овој проект споредено со претходните – брза фиксација до длабоко смрзнување, како и промените во самата електронска микроскопија, ЕМ (пред се фокусирањето), се воочи дека финалната процедура која се постигна на крајот на првата проектна година очигледно продуцира слајдови, односно ЕМ микрографи со видливо сменета експресија на влакната. Иако процедурата е унапредена од невропатолошка гледна точка, како поради новото фиксирање така и поради подобриот контраст новите слики демонстрираат значително повеќе оштетени влакна и поголеми оштетувања на даден влакно. Иницијално се разви алтернативен протокол за сегментација на оригиналите во бинарна слика (2 класи, наместо 3), со цел со комбинација со традиционални параметарски методи на постпроцесирање и класична ML класификација се подобри детекцијата на границата на аксоните, ROI границата. Со помош на покомплексно семплирање и аргументација на податочнотото множество се дојде до модел кој може да се прифати за доработка за продукциска употреба. Со цел да се задржи на мерења базираниот критериум за проценка на перформансите на целиот протокол за постпроцесирање, следеше доработка на RMT условена од промените во сегментирачкиот протокол и неговите перформанси. Клучната промена е што во случај на голем број влакна (порано многу помал) робусна сегментација може да се валидира само на делови од ROI-ата. Подобрувањата се состојат од ре-дефинирање (или до-дефинирање) на условите при кои се отфрлаат мерењата, поради зголемената комплексност на сегментираното податочно множество. Дополнително на ова, со помош на пребарување низ просторот на (опишаните) параметри со кои ги опишуваме ROI-ата, проширена е листата мерења кои ги добиваме од софтверската алатка ImageJ кои се користат за дискриминација при мерење со зраци (детекција и отфрлање на региони од интерес кои не ги задоволуваат морфометриските критериуми за робусност на мерење со зраци, односно за прифатливост на примероците на еден ROI во целост). Специфична цел 2: Реконструкција и моделирање на ориентација на влакната во дво-фотонски снимки на префронталните аксони во 36-тријади – Во првите три квартали во рамки на оваа специфична цел имаше застој во генерирањето на 3Д блок слики и нивна структурна реконструкција (cell tracing) поради што ИЦКНИТ и делот на тимот при NYSPI го насочи фокусот во првата специфична цел. Сеуште без консензус околу начинот на просторно моделирање на реконструираните аксони, во втората половина на октомври започнавме да истражуваме во можностите за квантифицирање на волуменската фракција на просторот меѓу аксоните а) со користење на талкања (random walks), како и б) со мерење на дивергенцијата, оддалечувањето на парови влакна. Алатките се во фаза на тестирање и „портирање“ на GPU процесор.
Strategies to prevent cognitive decline in non-demented subjects 2018 – 2023, Alzheimer Association, AACSFD-17-533520 (раководители: Т. Стојковиќ и Е. Стефанова, Клинички центар на Србија (КЦС), учесници: В. Домазетоски, П. Јањиќ и акад. Љ. Коцарев). Активностите во МАНУ во 2022 година беа во застој од оправдани причини поради суспензија на главната студија во Клиничкиот центар на Србија поради ковид-19 и породилно отсуство на раководителот на проектот.
Diffusion and random search in heterogeneous media: theory and applications (Дифузија и случајни пребарувања во хетерогени средини: теорија и примени) – научно-истражувачки проект на Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за физика и астрономија при Универзитетот во Потсдам (2021 – 2024), финансиран од Германската фондација за истражување (Deutsche Forschungsgemeinschaft – DFG); учесници во проектот: акад. Љупчо Коцарев, д-р Трифче Сандев, Пеце Трајановски и Кирил Зеленковски. Во рамките на проектот се работи на следните теми: а) аномална дифузија во комплексни системи (во соработка со Универзитетот во Потсдам, Макспланковиот институт за физика на комплексни системи во Дрезден, Хумболтовиот универзитет во Берлин, Израелскиот институт за технологии во Хаифа), б) квантни движења во неподредени средини (во соработка со ПМФ во Скопје), в) случајни пребарувања во неподредени средини и комплексни мрежи (во соработка со Универзитетот во Потсдам, Макспланковиот институт за физика на комплексни системи во Дрезден, Хумболтовиот универзитет во Берлин, Израелскиот институт за технологии во Хаифа и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство), г) стохастичко ресетирање и неговото влијание врз дифузијата во хетерогени структури (во соработка со Универзитетот во Потсдам, Макспланковиот институт за физика на комплексни системи во Дрезден), д) примена на процесот на ресетирање во економијата за моделирање и предвидување на промената на динамиката на акумулираната добивка и промената на очекуваната стапка на раст во случај на пропаѓање на одредена компанија или појава на глобални пандемии (во соработка со Економскиот факултет во Скопје и Универзитетот во Потсдам) и сл.
Embedding RRI in Western Balkan Countries: Enhancement of Self-Sustaining R&I Ecosystems (Вградување на Одговорно Истражување и Иновации (ОИИ) во Земјите од Западен Балкан: Подобрување на Самоодржливите Еко-Системи за Истражување и Развој), проект бр.: 101006279,финансиран од Европска Комисија (European Commission, Research Executive Agency), за период 2021-2024, со учество на 13 партнери од 8 земји (Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Франција, Грција, Македонија, Црна Гора, Србија); учесници во проектот: акад. Љупчо Коцарев, д-р Јана Проданова. Активностите во изминатата година беа фокусирани на вклучување на партнерите од Западен Балкан во рефлексија и зајакнување на отвореноста, инклузивноста и одговорноста на институциите и територијалните екосистеми. При тоа се ангажираа претставници од различните засегнати страни да учествуваат во партиципативен ко-дизајн на иницијативите на RRI на секој територија посебно. Целта на овие активности беше вклучување на партнерите во заедничко креирање идни сценарија за институционалните и територијалните трансформации што се очекува да се случат. Секоја територија организираше 2 отворени работилници за ко-дизајн со регионални засегнати страни и граѓани. Во првата низа на настани, присутните ги истражува сценаријата што одговараат на територијата, за потоа да се презентира прелиминарниот ко-дизајн и да се консултираат засегнатите страни за реализацијата на истиот. Понатаму, потпирајќи се на придонесот од процесот на ко-дизајнирање, се планираат конкретни иницијативи за секоја територија поединечно за поттикнување на институционални и територијални трансформации водени од RRI и рамката за управување со R&I на повеќе нивоа. До овој момент направен е детален акциски план и дел од активностите се организираат за да бидат имплементирани до крајот на годината. Партнерите од Западен Балкан се првенствено одговорни за нивната имплементација, со поддршка од хоризонталните партнери. Иницијативите се засноваат на условите на RRI со цел развој на отворени, транспарентни и демократски системи за истражување и развој и промовирање одржливи трансформации на институционално и територијално ниво. Активностите во Македонија се фокусирани на подобрување на родовата еднаквост и подигање на свесноста за вредноста на STE(A)M образование. Во текот на овој период се комуницираат приспособени препораки извлечени како заклучоци од активностите од проектот за да се обезбеди долгорочно влијание врз регионалните активности во однос на екосистемите за RRI. Одржливоста на WBC-RRI.NET како мрежа надвор од крајот на проектот, исто така, е ставена во фокусот преку поддржување на јавниот ангажман и искористувањето надвор од проектните партнери и обезбедува вклучување во пошироката дискусија за ЕУ. Во текот на оваа година се организираа повеќе средби и состаноци помеѓу партнерите и повеќе владини и невладини институции, приватни компании и граѓани заинтересирани за активностите и целите на проектот.